Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го потврди успехот на македонската економија: Раст од 2,5% и позитивна прогноза за 2024 година
Економските политики на СДСМ ги даваат очекуваните и конкретни резултати, инфлацијата се намалува, економијата расте, соопштуваат од СДСМ.
„Инфлацијата со месеци е во континуиран пад, со тенденција до крајот на годината да се намалува под 5%. Со мерките што ги презеде владата на СДСМ, стапката на инфлација во септември падна на најниско ниво во последните 20 месеци од 6,6 отсто и следната година треба да се врати на предкризните стапки од 2-3 отсто.
Успешноста на мерките и економските политики на СДСМ ја потврди и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) кој ги подобри проекциите за македонската економија. ММФ предвидува економски раст од 2,5% за оваа година и 3,2% за следната 2024 година“, додаваат од владејачката партија.
Од таму ставаат до знаење дека како одговорна страна продолжуваат да се грижат за сите граѓани, ќе преземат конкретни мерки и чекори кои значат економски раст од една страна и заштита и подобрување на животниот стандард од друга страна.