Миле Китиќ се бакнуваше со 30 години помлада девојка! Се појавија фотографии од пејачот со непозната русокоса, еве што и прави! (ФОТО)

Миле Китиќ повеќе од две децении е во хармоничен брак со пејачката Марта Савиќ. Меѓутоа, сега се појавија фотографии на кои пејачот бакнува 30 години помлада девојка и и’ ја пее песната „Хелена“.

На социјалните мрежи се појави видео кое ја шокираше јавноста. Пејачот Миле Китиќ на еден од неговите концерти зад сцената прегрнал непозната русокоса, а потоа се бакнувал додека таа цело време го снимала.

Тие двајца се галеле, а потоа тој ја прашал која песна сака да и’ ја отпее и во таа прилика девојката го спомнала името на неговата ќерка.

– Што сакаш да ти отпеам, ХЕлена или Елена – ја прашал Миле девојката, а кога таа му кажала дека ја сака песната „Хелена“, тој ја отпеал на кратко и потоа продолжиле да се бакнуваат.

Како на ова ќе реагира неговата сопруга Марта Савиќ, останува да видиме.