Милош Биковиќ стана и пејач: Го сними својот прв сингл, па поради тоа дури се сликаше и го смени личниот опис (ФОТО)
Актерот Милош Биковиќ, кој со својот талент го освои Балканот, приреди изненадување за своите фанови објавувајќи го својот прв сингл „Dance with me“ на руски јазик. Уметникот ѝ се претстави на публиката во ново светло, како пејач, со лесна, денс патека во стилот на модерните латино хитови.
Неговите напори не беа залудни, а во вторникот доби награда од угледниот руски магазин Voice за ,,Храбар чекор напред.” На свечената церемонија во Москва се собра уметничкиот крем на Русија, а главна ѕвезда беше српскиот актер.
„За време на подготовката за улогата снимив песна. За неа добив награда од магазинот „Voice“, напиша Биковиќ на социјалните мрежи.
Ова не е првo искуство во музичките води за драмскиот уметник. Тој пред неколку години го отпеа дуетот „Дарија“ со музичарот Момчило Бајагиќ Бајага, како дел од промоцијата на романтичната комедија „Хотел Белград“, која стана хит меѓу публиката.
– Песната е создадена во знак на благодарност на актерката Дијана Пожарскаја, која со својот талент и верба во овој потфат ги направи Белград и Србија да блеснат со нов сјај под рефлекторите на филмот – објасни претходно Милош Биковиќ.