Министерката Каја Шукова на Самитот на ОН за климатски промени – COP28 во Дубаи

0

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, од денска до 9. декември ќе учествува на Самитот на Обединетите нации за климатски промени, што се одржува во Дубаи, Обединетите Арамски Емирати.

Каја Шукова, како што најавуваат од нејзиниот кабинет, ќе учествува и ќе се обрати на повеќе настани меѓу кои ќе има завршно обраќање по потпишувањето на Договорот за инвестициската платформа за енергетска  транзиција со Европската банка за обнова и развој, округла маса со министрите на Енергетската заедница, како и низа билатералнои средби меѓу кои со извршниот директор на УНОПС. 

Очекувањата од Самитот се да напрви преглед на досегашните остварувања на поставените национални и глобали цели и да се трасира патот за идните активности.