Мислела дека се допишува со Илон Маск, останала без 26.000 евра: Еве како открила дека е жртва на грозоморна измама
Измамник кој се претставува како Илон Маск убедил постара жена од Бразил дека е „заљубен“ во неа откако се „запознале“ на Фејсбук.
Неименуваната жртва (69) од Бразил го испратила својот телефонски број на насилникот за да можат да се допишуваат на Телеграм, верувајќи дека станува збор за американски милијардер.
Подароците никогаш не пристигнале
Странските медиуми јавуваат дека тие со часови разменувале пораки во период од три месеци. Жената немала поим што и се подготвува, а во телефонот го зачувала бројот на измамникот како „Love Elon“.
„Лажниот Илон Маск почна да бара пари од жртвата, ветувајќи дека ќе испрати подароци, како што се цвеќиња и накит. „Тоа, се разбира, никогаш не стигна до нејзината адреса“, рече началникот на цивилната полиција Хозе Сена.
Тој додава дека измамникот побарал и пари за „да купи гориво за неговиот авион“,пренесува Дејли Мејл.
Децата најдоа пораки
На почетокот, жената му префрлила на лажниот Маск 172 и 517 долари, но подоцна се согласила да му плати околу 10.700 и 16.000 долари (вкупно околу 26.000 евра).
Парите завршиле на неколку банкарски сметки, отворени со лажни имиња.
Грозоморната измама ја откриле децата на несреќната жена, откако пронашле пораки во кои се спомнуваат планови за продажба на семејната куќа за 86.000 долари!
„Се ќе им докажеме“
Измамникот и ја испратил на жртвата следнава порака: „Љубов моја, откако ќе ја продадеш својата куќа, имам сериозна платформа за инвестирање“.
Покрај тоа, тој вети враќање на пари од повеќе од 600.000 долари за само три дена.
Таа одговори: „Ме обвинуваат дека праќам пари. Но, ние ќе им докажеме се. Немаме што да криеме“.
Лажниот Маск одговорил: „Да, љубов моја, секако, но треба да ги изненадиме децата, а тоа не е добро време“.
Полициско предупредување
Полицијата верува дека Бразилката била цел на организирана криминална група и дека може да има и други жртви.
„Ги советуваме семејствата да обрнат внимание на постарите членови, особено ако поминуваат многу време разменувајќи пораки на различни апликации. Доколку постои сомнеж, треба да проверат дали лицето од другата страна навистина постои и дали испраќа финансиски барања“.