Мицкоски на Самитот на ЕНП: Учеството на вакви настани е клучот за зајакнување на позицијата на земјата во европски контекст
Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил напиша дека ја има честа да учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕНП), на кој се собраа истакнати лидери, партиски претставници и клучни носители на одлуки од цела Европа.
„Самитот беше платформа за размена на размислувања и идеи за иднината на Европа, особено фактот што Македонија останува дел од овие разговори и стратешки партнерства ме направи горд. Нашето активно учество на вакви меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на нашата земја во европски контекст и за придонес кон заедничката визија за стабилна и просперитетна Европа“, напиша Мицкоски.
Разговорите и дебатите на Самитот, како што најави, биле важни за насоката на идните политики, а уште поважни за градење мостови на соработка со европските партнери.
Мицкоски претходно на Фејсбук напиша дека е убеден дека ваквите средби се од големо значење за натамошниот напредок на Македонија на нејзиниот европски пат.
, Уште еден чекор напред кон нашите заеднички цели за стабилност, економски раст и посилно присуство на меѓународната сцена“, напиша Мицкоски.
Тој денеска учествуваше на Самитот на Европската народна партија во Брисел. Зборуваме за длабинска соработка, регионални иницијативи и европски перспективи.
,,Ова е можност да се лобира за интересите на Македонија и за иднината на државата како дел од европското семејство“, најави однапред премиерот.