Мицкоски: Платите на сите вработени ќе се зголемат, но на функционерите нема да се зголемат

Премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање рече дека нема да им се зголемуваат платите на функционерите.

„Ќе се зголемат сите плати во државата. Платите на сите вработени ќе се зголемат, но на функционерите нема да се зголемат, тоа го кажавме. И ова го правиме, го менуваме законското решение со кое нема да има покачување на платите на функционерите. И оваа измена на Законот наскоро ќе се најде пред пратениците.

Значи, ќе се бориме сите вработени во државата да земаат повисоки плати и ќе работиме во оваа насока, но функционерите нема да го имаат ова право.

Дали е ова правилен чекор? Ценам дека е фер, иако има дебата. Но, верувам дека е фер и ќе продолжиме да работиме вака и во иднина, во интерес на граѓаните и во интерес на сите оние кои гласаа за нас и кои имаат верба во нас како влада“, рече Мицкоски. .