Морничави видеа од поплавите во Шпанија: Наредена итна евакуација, населението во страв (ФОТО/ВИДЕО)

Поради поројните поплави во јужна Шпанија, наредена е итна евакуација, патиштата и училиштата се затворени.

profimedia-0976937544.jpg

Службите за итни случаи во јужна Шпанија трагаа по брачен пар откако поројните поплави го однесоа нивното возило додека надојдените води принудија евакуација на стотици домови.

Регионалните власти наредија евакуација на 365 домови во селото Кампанилас во близина на градот Малага, откако блиската река се излеа од коритото. Евакуираните ноќта ја поминале во општинската спортска сала.

Министерот за внатрешни работи на Андалузија, Антонио Санц изјави дека 19 реки во Андалузија денеска се под тревога од поплави, бидејќи лошото време се прошири од Малага во областите во близина на Севиља и Кордоба. Вкупно 40 автопати низ Андалузија, како и некои железнички линии, мораа да бидат затворени поради надојдената вода.

Службите за итни случаи одговорија на стотици повици за помош. Цивилната гарда дури помогнала да се спасат еден пар кучиња во опасност од давење, се вели во видеото објавено од полицијата.

Истата област околу Малага беше погодена и во ноември кога обилните дождови во тој дел на Шпанија доведоа до разорни поплави, однесоа 233 животи, главно во Валенсија.

Шпанија, која беше погодена од долготрајна суша во последниве години, забележа обилни врнежи од дожд, особено на југот, во последните две недели.

Научниците ги поврзуваат овие промени помеѓу екстремно сувите и влажните периоди со климатските промени, кои исто така предизвикаа сè пожешки лета во Шпанија.