Тимчо Муцунски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски беше дел од инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук:
– На мое големо задоволство, заедно со претседателот на Владата присуствувавме на официјалните инаугуративни активности на претседателот Доналд Трамп, како дел од приватната ложа на Мајкл Ватли – претседател на Републиканската партија на САД, напиша тој.
Муцунски во постот му честиташе на Доналд Трамп.
– Честитки за изборот на Доналд Трамп за Претседател на Соединетите Американски Држави. Пред нас е период на цврсто партнерство, зајакнати политички и економски односи, како и заеднички напори за градење мир и просперитет во светот, заврши Муцунски.