Нападот на Газа мора да почека! Поранешен функционер на Мосад предупредува – Хамас ги слуша само овие три земји
Израелската војска мора да го одложи копнениот напад врз Појасот Газа, доколку преговорите за ослободување на заложниците се во тек, изјави поранешниот висок функционер на Мосад, Дејвид Мејдан.
Мејдан, кој служеше како координатор за заложниците и исчезнатите лица во времето на ослободувањето на Гилад Шалит во 2011 година, рече дека „спасувањето животи треба да биде главен приоритет и дека инвазијата може да почека“.
– Силите се таму, живата сила е таму и можеме да го направиме тоа подоцна – рече Мејдан, додавајќи дека гледа само кратка временска рамка за ослободување на заложниците што Хамас ги одведе во Газа на 7 октомври.
– Меѓу заложниците има 30 деца, постари, некои тешко ранети. Колку повеќе го одложувате хуманитарниот договор за ослободување на заложниците, толку повеќе ги ризикувате нивните животи – додаде Мејдан.
Тој вели дека ако добиел извештај за договорот за ослободување на заложниците, ќе го гледал како развој на настаните што ќе принудат да се одложи копнената инвазија.
Според Мејдан, Хамас „слуша три земји – Египет, Катар и Турција. Тоа се земјите кои можат да извршат притисок врз Хамас да ги ослободи заложниците“, понатаму тврди Мејдан.
– САД мора да извршат притисок врз тие три земји за да го направат Хамас пофлексибилен – наведува тој.