„Нападот на 7 октомври беше само проба“: 3астрашувачка закана на лидерот на Хамас за Израел

0

Масакрот на Хамас на 7 октомври беше „само проба“, се закани во четвртокот водачот на исламистичката група од Газа, Јахја Синвар, во својата прва јавна изјава откако терористичката организација масакрира повеќе од 1.000 луѓе во Израел, пренесува jns.com.

„Лидерите на Израел треба да знаат, 7 октомври беше само проба“, рекол Синвар, според весникот „Маарив“, на кој се повикува овој портал.

Најмалку 1.200 луѓе беа убиени во нападите на Хамас на 7 октомври врз израелските заедници во близина на границата со Газа. Уште 240 мажи, жени, деца и војници беа однесени во Газа како заложници.

Во понеделникот, израелските медиуми објавија дека Синвар посетил неколку заложници кои биле држени во подземен тунел во Појасот Газа. Еден од заложниците ослободен викендов рече дека Синвар им зборувал на хебрејски акцент.

Синвар беше осуден од израелскиот суд по повеќе точки од обвинението за убиство на пет доживотни затворски казни, но беше ослободен од затвор во октомври 2011 година, откако одлежа само 22 години, како дел од размената на затвореници за израелскиот војник Гилад Шалит.

По неговото ослободување, Синвар се здоби со моќ и популарност во Хамас, станувајќи негов лидер во Газа во февруари 2017 година со поразот на Исмаил Ханије на внатрешно гласање.