Наскоро полни 50 години, а е невидена бомба! Пенелопе Круз ги разнесе сите на доделувањето, а овој детал сите го забележаа на неа

0
Пенелопе Круз присуствуваше на доделувањето на наградите Гоја, каде се појави во феноменален долг цветен фустан.

Во градот Ваљадолид, во Шпанија, се одржаа 38-ми по ред Гоја награди . Ова се главните шпански национални филмски награди (како Оскарите), доделени од Академијата за кинематографски уметности и науки на Шпанија.

Секако, ова е уште една можност за познатите дами да ги покажат своите свечени тоалети, а најголемо внимание привлече неверојатната Пенелопе Круз . 

Пенелопе во април ќе го прослави својот 50-ти роденден, а сосема е очигледно дека годините за неа се само бројка. 

Нејзината малку брановидна коса даваше елегантен и романтичен изглед.

Покрај Пенелопе, на доделувањето присуствуваа и актерките  Белен Руеда (на нашата публика најпозната по улогата во серијата „Серанови“), како и Сигорина Вивер, кои исто така го одземаа здивот.