НАЧАЛНИКОТ НА ГЕНЕРАЛШАБОТ НА ЈЕМЕНСКАТА ВОЈСКА ПРЕЖИВА АТЕНТАТ: Моќниот генерал по третпат e мета, експлодира бомба, за влакно ја избегна смртта

Началникот на Генералштабот на јеменската армија Сахир бин Азиз преживеа обид за атентат во провинцијата Мариб на североистокот на земјата.

– Во вторникот автомобил-бомба експлодираше на улица во градот Мариб во моментот кога минуваше конвојот на генерал-полковник Сахир бин Азиз, тројца негови придружници беа повредени, а тој за чудо ја преживеа експлозијата – изјави воен извор за РИА Новости.

Наводно тоа е трет обид за убиство на началникот на Генералштабот.

Експлозијата се случи по состанокот меѓу Сахир бин Азиз и членот на управниот совет на Јемен, Султан ал-Арад, во градот Мариб, каде што се водат борби меѓу јеменската армија и Хутите кои ја презедоа власта на северот на земјата.

Од 2014 година, Јемен е потресен од конфликт меѓу Хутите и меѓународно признатата влада поддржана од арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија.