Најбогатите луѓе во Русија го зголемија своето богатство за повеќе од 8% во изминатата година, достигнувајќи вкупно 625,5 милијарди долари, објави Форбс Русија.
Вагит Алекперов, поранешниот прв човек на нафтената компанија Лукоил, повторно го зазеде првото место на листата на Форбс Русија, втора година по ред, со богатство од 28,7 милијарди долари. Тој поднесе оставка како претседател на компанијата во 2022 година, откако Велика Британија воведе санкции против него.
Алексеј Мордашов го зазеде второто место со богатство од 28,6 милијарди долари, за разлика од четвртото место на минатогодишната листа.
Форбс Русија наведува дека оваа година на листата има 15 сосема нови милијардери, меѓу кои најбогат е Викрам Пунија, роден во Индија, сопственик на фармацевтската компанија Фармасинтез, со богатство од 2,1 милијарди долари, објави Ројтерс.
Десетте најбогати милијардери во Русија:
Вагит Алекперов – 28,7 милијарди долари
Алексеј Мордашов – 28,6 милијарди долари
Леонид Микелсон – 28,4 милијарди долари
Владимир Лисин – 26,5 милијарди долари
Владимир Потанин – 24,2 милијарди долари
Генадиј Тимченко – 23,2 милијарди долари
Андреј Мелниченко – 17,4 милијарди долари
Павел Дуров – 17,1 милијарди долари
Алишер Усманов – 16,7 милијарди долари
Сулејман Керимов и семејството – 16,4 милијарди долари