Од мелено месо можете да направите разни специјалитети како ќофтиња , полнети шницли, плескавици… а можете да го користите и како фил за пиперки, тиквички… Денеска ви предлагаме да го пробате рецептот за ќофтиња од познатиот готвач Гордон Ремзи. . Овие неодоливи ќофтиња ги прави малку поинаку од македонските домаќинки и секако се исто толку вкусни. Наместо да ги „врзе“ со јајце, тој користи мешавина од презла и вода. Можете да го сервирате во сос од домати со пире од компири, или само со салата.
- Состојки:
- 1 кромид
- 2-3 чешниња лук
- 400 гр мелено месо
- 1 лажичка мелена пиперка
- 80 гр презла
- 3-4 лажици млеко
Подготовка:
Кромидот и лукот исечкајте ги ситно, па на малку масло пропржете го зеленчукот. Црното и лукот посолете и бибер, па додадете го искршениот пипер. Пржете додека кромидот не омекне и порумени. Во сад намачкајте го меленото месо, посолете и побиберете, а потоа убаво измешајте со раце. Измешајте ги презлата и млекото, па додадете ги во месото, како и смесата со кромид. Добро соединете ги сите состојки и направете ќофтиња. Пржете ги на малку масло.