Најмалку тројца Палестинци загинаа во израелска воена рација

 – Најмалку тројца палестински екстремисти се убиени утрово во размена на оган со израелски војници на окупираниот Западен Брег.

Израелската полиција соопшти дека војници влегле во палестинското село Џаба за да уапсат осомничени за напади врз израелски војници.

Осомничените отвориле оган, а војниците возвратиле и убиле тројца членови на екстремистичкиот Исламски џихад.

Полицијата објави фотографија од автоматски пушки, пиштоли и муниција за кои тврди дека се одземени од осомничените.

Палестинското Министерство за здравство ги идентификуваше убиените и потврди дека се убиени за време на израелска воена операција.