Најпознатата Србинка со најголеми облини, ја откри тајната на бракот! Еве колку пати неделно има секс
Коко Т (45), сопруга на раперот Ајс Ти, го сподели рецептот за страст и блискост кои го направија нивниот брак стабилен веќе 23 години.
Најпознатата Србинка во Холивуд, Коко Ти, која е во брак 23 години, неодамна изјави за Е! News сподели детали од нивната врска, откривајќи што ги држи блиски.
Коко, која сега има 45 години, рече дека смета дека е здраво и корисно да има интимни односи со нејзиниот сопруг три пати неделно.
– Мислам дека е важно да се одржи ритамот по 23 години. Работиме на страста со излегување на вечера, облекување еден за друг, а јас го носам она што тој ќе ми го одбере – истакнала дека во тоа е тајната на нивната поврзаност.
– Кога некој те привлекува, таа страст е природна, нели? Ако исчезне тоа чувство, врската ја губи суштината – додала нејзиниот сопруг, рапер и актер Ајс Ти (66).
Нивната љубовна приказна започна во 2001 година, а се венчаа во јануари 2002 година, па наскоро ќе ја прослават 23-годишнината од бракот. Заедно ја имаат ќерката Шанел (8), додека Ајс Ти има уште две деца од претходните врски – ќерката Латеша (48) и синот Трејси (32).
Ајс Ти претходно нагласи колку му е важно да ја одржува интимноста во бракот.
– Пламенот мора да остане запален. Кога атракцијата ќе исчезне, треба брзо да реагирате бидејќи тоа е основата на секоја врска .
Тој додаде дека „дивиот секс“ и меѓусебното почитување се клучот за нивната среќа
– Го цениме она што си го пружаме еден на друг и не сме заедно од обврска, туку затоа што вистински се почитуваме и поддржуваме – рече на крајот Ајс Ти.