НА АФРИКА И СЕ ЗАКАНУВА ГОЛЕМ ВОЕН КОНФЛИКТ! Уште две земји го поддржаа државниот удар во Нигер и се заканија: “Секоја воена интервенција ќе значи војна против нас!“

Драмата во Западна Африка се зголемува откако Буркина Фасо и Мали заеднички објавија дека секоја воена интервенција во Нигер би била еднаква на објава на војна против нив.

Преодните влади на Буркина Фасо и Мали предупредуваат дека секоја воена интервенција против Нигер ќе претставува објава на војна против Буркина Фасо и Мали“, се наведува во заедничкото соопштение, пренесуваат странските медиуми.

Буркина Фасо и Мали предупредија на „катастрофалните последици“ од воената интервенција во Нигер што може да го дестабилизира целиот регион, како што беше случајот со едностраната интервенција на НАТО во Либија.

Според руската медиумска агенција РИА Новости, владите на двете земји се заканлите дека ќе се повлечат од Економската заедница на западноафриканските земји (ЕКОВАС). Таа организација му даде на Нигер една недела да го ослободи и врати претседателот Мохамед Базум на власт, заканувајќи се дека ќе употреби воени мерки доколку тоа не се случи.

Буркина Фасо и Мали ја изразуваат својата солидарност со народот на Нигер, кој одлучи да си ја земе судбината во свои раце“, се наведува во соопштението и се додава дека нема да се приклучат кон санкциите против Нигер.

И Гвинеја ги поддржа новите власти на Нигер. Воените власти на Гвинеја изразија надеж дека новата Влада на Нигер ќе направи се за да обезбеди стабилност и хармонија во земјата и регионот во целина.

Драмата во Нигер започна минатата среда кога Армијата најави смена на претседателот Мохамед Базум, односно затворање на границите и воведување полициски час. Воениот удар беше предводен од членовите на претседателската гарда на чело со генералот Абдурахман Чиани, кој претходно ја блокираше палатата на претседателот на државата во главниот град Ниамеј. Армијата воведе полициски час во земјата, го суспендираше Уставот, а исто така забрани каква било политичка активност на партиите.

Генералот Абдурахман Чиани потоа беше назначен за нов претседател на Нигер на 28. јули.

Мохамед Базум се уште се наоѓа заробен во резиденцијата. Муса Факи Махамат, претседател на Комисијата на Африканската унија, за РИА Новости изјавил дека се е во ред со претседателот на Нигер и дека тој се чувствува добро.

Армијата во Нигер, која го собори претседателот Мохамед Базум, објави дека го запира снабдувањето со злато и ураниум за Франција , пренесуваат светските медиуми. „Имаме ураниум, дијаманти, злато, нафта, но живееме како робови ? Не ни требаат Французите да ни ја гарантираат безбедноста“, рекол еден од бунтовниците.

Оваа африканска земја има големи резерви на ураниум од кои Франција е силно зависна. Ниамеј обезбедува 15-17 проценти од снабдувањето со ураниум за француските нуклеарни централи.

CNN објави дека американскиот воен персонал не може да ја напушти базата во близина на градот Агадез поради бунтот, a oколу илјада американски војници беа вратени во базата минатата недела.

Според CNN, Вашингтон се уште не одлучил дали во Нигер се случил државен удар. 

Војската на САД е во Нигер околу десет години и главно ги советува и обучува локалните сили за борба против тероризмот.