На „Бехтел и Енка“ пред извесен период им е исплатен аванс за подготвителните работи околу коридорите 8 и 10д
Премиерот Димитар Ковечевски денеска соопшти дека на конзорциумот „Бехтел и Енка“ пред извесен период му е исплатен аванс за подготвителните работи околу коридорите 8 и 10д, но точната сума, како што рече, може да се побара во ЈП за државни патишта.
Одговорајќи на новинарски прашања, Ковачевски потврди и дека е почната работата на коридорите, односно дека се во тек геомеханичките истражувања.
![Ковачевски: Со Законот за престојувалиште конечно ќе се стави крај на децениски проблеми null](https://mia.mk/articles/images/%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%98%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%87%D0%BD%D0%BE%D1%9C%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%BD%D0%B0%D0%B4LM82D/L0Tbv2uww/large.webp?use_watermark=1)
– За коридорите, да, почната е работата. Тој договор е веќе потпишан и според него, прво почнуваат геомеханички истражувања кои се веќе почнати, почнува фаза на проектирање зашто се работи за проектирање и изградба. Тие веќе работат согласно процедурите и имаат договор што е валиден, исплатен е аванс, точната сума може да ви ја дадат во ЈП за државни патишта, кој е пефрлен на „Бехтел и Енка“ и тоа е направено пред извесен период, согласно извршувањето на подготвителните работи за почеток на изградба на проектот зашто има проектрирање, геомеханички истражувања и потоа изведба на проектот, рече Ковачевски по настанот на кој се одбележа јубилејот 70 години од основањето на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков” и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи”.