На венчавката носеше фустан од 3.255 евра: Анастасија застана пред матичарот во вила на Дедиње во посебен фустан (фото)

Денеска е официјализирана љубовта меѓу младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ, фудбалерот на шпанската Севиља и на српската репрезентација .

На граѓанската свадбена церемонија присуствуваа семејствата Ражнатовиќ и Гудељ кои со радост го дочекаа овој посебен момент.

Анастасија блесна во крем сатенскиот фустан што го избра за овој момент, додека Немања се одлучи за опуштено издание.

Вељко Ражнатовиќ

Тајната градска венчавка се одржа во кругот на најблиските членови на семејството Ражнатовиќ и Гудеље и кумовите.

Црковната венчавка на Анастасија и Немања се одржа на 14 јули минатата година!

Анастасија и тогаш решила да не носи класична венчаница, туку долг бел асиметричен фустан, благо обвиткан и во стил на грчка божица, а задниот дел од фустанот со карнери допирал до подот како воз.

Станува збор за парче Ланвин, кое во продажба може да се најде по цена од 2.780 фунти или 3.255 евра, а таа го усогласи со бели сандали на високи потпетици.

Што се однесува до фризурата, таа се одлучи за елегантна пунџа и суптилна шминка, а како накит носеше нараквица и часовник.