На Илон Маск можеби ќе му треба она што неодамна побара да биде укинато

Илон Маск, извршниот директор на Тесла, не толку одамна се залагаше американската влада да престане да субвенционира купување електрични возила во износ од 7.500 долари по клиент.

Имено, минатата година тој напиша на својата социјална мрежа X дека субвенциите само ќе ѝ помогнат на Тесла и повика на укинување на субвенциите во сите индустрии.

Сепак, откако администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го испрати предлог-законот за буџетот до Конгресот на усвојување, Маск сега има сосема спротивен став. Ова е случај и покрај фактот дека овој буџет го предвидува она за што тој се залагаше минатата година.

Имено, како што предупреди тој, укинувањето на субвенциите, дури и во енергетскиот сектор, би можело да предизвика енергетска зависност на САД. Сепак, како што објави CNN , една од причините зошто се предомислил би можела да биде тоа што Тесла е во финансиски проблеми.

Многу експерти веруваат дека укинувањето на субвенциите значително им штети на производителите на електрични возила, вклучувајќи ја и Тесла. Укинувањето на субвенциите би можело да биде уште поголем проблем за оваа компанија, бидејќи продажбата на нејзините автомобили се намалува.

Според проценката на најголемата американска банка, JPMorgan Chase, откажувањето на субвенциите би ѝ предизвикало на Тесла годишна загуба од 1,2 милијарди долари.

Сето ова се случува по вербалната војна меѓу Маск и Трамп, која се случи поради несогласување околу предлогот за буџетот. Имено, најбогатиот човек во светот верува дека овој буџет ќе ги поништи сите тие финансиски заштеди, за кои тврди дека ги постигнал неговиот тим за ефикасноста на владините институции.