НЕВРЕМЕТО ЈА ПАРАЛИЗИРА ГРЦИЈА! Затворени училишта и дуќани, владата апелираше до граѓаните: Не излегувајте освен ако не е потребно (ФОТО)

Студениот бран што ја зафати јужна Грција предизвика прекин на електричната енергија, затворање на автопатиштата и прекини во сервисот.

Поради обилните снежни врнежи и големиот пад на температурата во Грција, училиштата и продавниците се затворени , сообраќајот во Атина е отежнат, а многу јавни служби и компании се префрлаат на работа на далечина.

Поради невремето Барбара, кое беснее низ земјата, сообраќајот е во прекин на некои централни автопати и на државниот пат што ја поврзува Атина со централна Грција, јавува Ројтерс.

Некои метро станици во близина на меѓународниот аеродром во Атина исто така беа затворени, а железничката линија за Солун во северна Грција беше суспендирана.

Спасувачките и противпожарните бригади евакуираа четири лица чии автомобили се заглавија во снегот во атинското предградие Аспропиргос.

Властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат несуштински патувања, јави државната ТВ ЕРТ, најавувајќи дека студеното време ќе трае до утре .