Некогаш беше најдобра во светот и гордост на Југославија – Денес работи во психијатриска установа

Серијата одлични резултати ја круниса во 1989 година кога заедно со бронзата во велеслалом стана светска шампионка во слалом. Експертите ја нарекоа најголемиот талент на сите времиња, а во првите пет сезони освои шест медали. Таа во Светскиот куп забележа седум победи со 22 пласмани.

Ретко кој не се сеќава на легендарната скијачка Матеја Свет и мистеријата што го следеше нејзиното име. На најголемата сцена се појави во 1983 година кога беше пробна скијачка за слаломската трка. За талентот на Словенката сведочи и податокот дека организаторите на светското првенство останаа во целосен шок. Најдобар резултат постигнала една млада Југословенка. Резултатот тогаш не беше официјално објавен, но легендата за него не се прошири.

Една година подоцна дебитираше на Олимписките игри во Сараево, а таа година стана и светска јуниорска шампионка, што само потврди каква одлична кариера има. Набрзо ја постигна првата победа во велеслалом, а во 1987 година освои три медали на Светското првенство. Сребрен медал во велеслалом, но и бронзен во слалом и супервелеслалом. Следната година го освои Малиот кристален глобус во велеслалом, а во Калгари на Олимписките игри освоила сребро во слалом.

Серијата одлични резултати ја круниса во 1989 година кога заедно со бронзата во велеслалом стана светска шампионка во слалом. Експертите ја нарекоа најголемиот талент на сите времиња, а во првите пет сезони освои шест медали. Таа во Светскиот куп забележа седум победи со 22 пласмани.

Меѓутоа, таа одеднаш ги шокираше сите кога на 22 години реши да се збогува со скијањето кое и’ донесе толку многу слава.

На тоа само кратко одговорила:

Сакам да бидам мајка“, а денес работи како психотерапевт во психијатриска болница во Љубљана.