Нетанјаху нареди да се уништат домовите на Палестинците кои денеска убија тројца Израелци

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди рушење на домовите на напаѓачите на Хамас, откако тие извршија масовен напад во Ерусалим денеска.

„Премиерот Нетанјаху нареди рушење на куќите на двајцата терористи кои го извршија денешниот напад во Ерусалим и апсење на оние кои ги поддржуваа“, напиша тој во соопштението.

Уништувањето на домовите на терористите е вообичаена казна на израелските власти – практикувана на палестинските територии од Шестдневната војна во 1967 година, пишува skynews .

Хамас го пофали своето воено крило, Бригадите Ал Касам, за, како што ја нарече „херојската операција во Ерусалим“ по престрелката, во која загинаа три лица, а напаѓачите беа убиени.

Тој, исто така, ги наведе напаѓачите како Мурад Мухамед Нимр (38) и Ибрахим Мухамед Нимр (30).

Се верува дека нивните семејни домови, кои сега ќе бидат урнати, се во Сур Бахер – палестинско село на периферијата на Источен Ерусалим.