Не може побизарно од ова! Погребот кој го шокираше светот: Тверкаше на ковчегот, а потоа направи нешто одбратно! (ВИДЕО)
Погребните танчери од Гана, чии видео снимки ги прикажуваат како носат ковчег на рамениците и танцуваат додека се насмевнуваат, шокираа многу луѓе кои сметаа дека таквото однесување е непочитување и кон семејството и кон починатиот. Меѓутоа, сега се појави нешто уште побизарно.
Видеата кои кружат на социјалните мрежи покажуваат друга форма на „однесување“ на погреби. Сепак, иако овој тренд или обичај изненади многу корисници, некои ги воодушеви.
Имено, на видеото е прикажано необично збогување со саканата личност, а насобраните иако со малку солзи, креваат раце и пеат на бурната музика, а сето тоа се случило во Мексико.
Меѓутоа, она што ја доведе атмосферата до ,,лудило” е девојката која седи на ковчегот и заводливо танцува.
Иако многумина беа шокирани од ваквото однесување на погребот и го прогласија за бизарно, некои од мажите кои го споделија видеото признаа дека сакале ваква сцена да се случи и на нивниот погреб.