„Никогаш не добивме службен одговор зошто проектите на Струмица се одбиени од Владата“, рече Костадинов
„Не знам зошто се одбиени нашите проекти на повикот на Владата за финансирање“, изјави струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов на денешното гостување во „Дејли Клик“ на ТВ21.
„Веројатно треба да го упатите прашањето до нив. Не знаеме зошто сме одбиени. Тие велеа нешто друго пред медиуми, но никогаш на писмено не добивме образложение. Не добивме писмено одговор дека сме одбиени. Не е ништо проблем, немаме намера да рушиме однос. Треба да се даде одговор. Еве сега има и втор повик, ќе аплицираме и таму. Но, сакам да кажам дека еве на пример ако не добиеме финансиски средства за пазарот, тоа не значи дека нема да се прави. Струмица ќе се справи и со овие предизвици“, изјави Костадинов.