Николовски: СДСМ, преку тајните служби, создаде тристепен генерален план за запирање на политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Тристепениот мастер план го создаде поранешното раководство на СДСМ преку злоупотреба на безбедносните служби, а сето тоа со цел да се спречи политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Тие детали првпат ги презентирав во 2019 година во телевизиски дуел со Радмила Шеринска, каде јавно кажав дека имаме сериозни индиции за злоупотреба на безбедносните служби, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

„Целта на тој генерален план беше да се спречи политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Имаше три чекори. Првиот беше да се уапсат што е можно повеќе пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за да се промени името, и тоа се случи. Вториот беше да се стави партијата на обвинителна клупа за терористичка акција и нелегално финансирање, и делумно успеаја во тој дел за нелегално финансирање. Ја ставија на обвинителна клупа и партијата е сè уште на обвинителна клупа, сè уште имаме замрзнат имот.

Третиот дел беше дека ако успеат да ја осудат ВМРО-ДПМНЕ, според законот, политичкото дејствување ќе биде забрането и ние воопшто нема да можеме да учествуваме на изборите. Овој генерален план отиде дотаму што дури и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ му забрани да се занимава со политичко дејствување. А ова го имаше намера тогашното раководство на СДС, на чело со Зоран Заев и Радмила Шекеринска, додека Димитар Ковачевски не можеше да биде амнестиран“, рече Николовски.