Николоски: Државата го доби случајот „Казандол“, заштедени се 115 милиони евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денес објави дека државата го добила случајот „Казандол“ по сите 11 точки од обвинението.

„Сакам да ве информирам за одлуката во арбитражната постапка „Казандол“ каде што државата беше тужена од неколку инвеститори.“

Нивното барање беше за 115 милиони евра отштета, но со гордост можам да кажам дека го добивме овој случај, сите 11 основи по кои беше тужена државата беа одбиени и беа заштедени 115 милиони евра.

„Одлуката е целосно во наша корист, а случајот воопшто не беше лесен“, рече Николоски.