Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, најави дека по Нова година ќе излезат со условите и како младите парови ќе можат да учествуваат во проектот „Купи куќа за млади“ со поволни услови.
Тој зборуваше на настан организиран од Сојузот на стопански комори, поврзан со иновативни решенија за паметни домови.
„Сакам да најавам дека од следната година ќе започнеме да го развиваме проектот „Купи куќа за млади“ кој има за цел да им овозможи на многу млади парови да имаат своја куќа со исклучително поволни услови.
„Поради оваа причина ги подготвуваме плановите и по Нова година ќе излеземе со конкретни предлози во кои општини може да се реализира овој проект и на кој начин младите парови ќе можат да добијат поддршка и помош за да имаат свој дом”, потенцира Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт.