Никој не може да го препознае! Расел Кроу се избричи по 5 години – еве како изгледа сега

Многумина го пофалија холивудскиот актер Расел Кроу (59) дека со бричење изгледа 20 години помладо.

Познатиот холивудски актер Расел Кроу од 2019 година одржува густа брада. Сепак, неодамна ги изненади своите обожаватели со драстична промена, кога целосно се избричи и, како што многумина тврдат, направи вистинска трансформација . 

На својот профил, на социјалната мрежа Икс покажа нов имиџ, алудирајќи дека причината е нова филмска улога. 

– Актерот го подготвува #20. Прво бричење од 2019 година – напиша тој покрај фотографијата.

Секако, веднаш следеа коментарите и сите беа толку позитивни:

– Леле, изгледаш 20 години помладо.

– Изгледа добро.

– Имаш прекрасно лице кое се криеше зад сета таа брада.

– Сега 20 години помлад.

-Сакам да знам каков филм мислиш да снимаш, избричен си 

Расел Кроу го слави својот 60-ти роденден во април , а оваа година ќе биде многу зафатена за него во бизнисот. Ќе има голем број актерски проекти, меѓу другото треба да глуми и во ММА акциониот филм „Ѕверот во мене“, потоа ќе го игра нацистот Херман Геринг во историската драма на Џејмс Вандербилт „Нирнберг“. Неодамна го сними трилерот Land of Bad заедно со Лијам и Лук Хемсворт, додека треба да се појави и во претстојниот научно-фантастичен филм „Kraven the Hunter“.