Ниту Меланија ниту Иванка не се убави како неа: Внуката на Доналд Трамп е вистинско откритие

Покрај Меланија и Иванка, уште еден член од семејството Трамп ја воодушеви јавноста на вчерашната инаугурација на американскиот претседател Доналд Трамп.

Да потсетиме, Доналд Трамп вчера положи заклетва и стана 47-ми претседател на САД .

По церемонијата на положување заклетва, се одржа свечен бал , на кој Доналд Трамп и Меланија Трамп го изведоа својот прв танц како претседател и прва дама на САД .

Не се знае која е поубава – Иванка или Меланија?

Ниту Меланија ниту Иванка не се убави како неа: Внуката на Доналд Трамп е вистинско откритие ФОТО

Иванка Трамп , ќерката на Доналд Трамп, се придружи на подиумот, а нејзината облека ги остави сите без здив.

А кога помисливме дека оваа празнична церемонија не може да обезбеди 
поспектакуларни модни изданија – се излажавме.

На сцената се качи и Кај Трамп – внука на Доналд Трамп …

Најубавата членка на семејството Трамп

Таа носеше сребрен фустан со длабок шлиц на инаугурацискиот бал на нејзиниот дедо. Кај блесна на настанот, а нејзината лежерна убавина дојде до израз .

Да потсетиме, Каи Трамп, ќерката на Доналд Трамп Џуниор, во јули минатата година 
стана сензација кога одржа емотивен говор во чест на Доналд Трамп, нејзиниот дедо, за време на вечерта на Националната конвенција на Републиканците.

Кај со својот настап ја воодушеви цела Америка , а во своето обраќање до јавноста откри каков е всушност американскиот претседател Доналд Трамп приватно .

„Денес сум тука да споделам страна на мојот дедо што луѓето не ја гледаат често. За мене тој е само дедо. Ни дава слатки и газирани пијалоци кога нашите родители не гледаат. Тој секогаш сака да знае како ми е „Кога постигнав успех, дедо ми се фалеше на своите пријатели и велеше колку е горд на мене, тој ми се јави да ме праша како ми е на голф, но морав да го потсетам дека сум на училиште и ќе морам да му се јавам подоцна“, рече тогаш таа Кај.