Најдобриот српски тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ преку социјалните мрежи со емотивна порака и пригодна фотографија на сите верници им го честита Велигден.
Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил објави слика со симболот на празникот – јајце обоено во боите на српското знаме.

– Христос воскресе! Среќен Велигден – напиша Новак во описот на фотографијата.
Да потсетиме, Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Мадрид каде се подготвува за настап на Мастерсот во тој град.