Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска потпиша извршна наредба со која се дозволува земјата да таргетира банки надвор од Русија кои и помагаат на Москва да ја финансира војната.
Ова го потврди американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„Претседателот Бајден денеска потпиша извршна наредба со која се проширува способноста на Соединетите Држави да таргетираат финансиски институции лоцирани надвор од Русија кои ги олеснуваат трансакциите во врска со руската воено-индустриска база. Новата наредба, исто така, им дава на Соединетите држави овластување да забранат увоз на одредени стоки во САД – ископано, произведено или собрано во Русија, дури и ако е значително изменето во трета земја“, рече Блинкен.
Висок американски дипломат предупреди дека Вашингтон „ги држи одговорни институциите кои не преземаат соодветни мерки“ за да се осигура дека нема да ги олеснат активностите што ги „поддржуваат воените напори на Русија“.