Нови детали за разводот на славната двојка: Бритни Спирс го изневерувала Асгари со вработените?

Откако поднесе барање за развод од Бритни Спирс (41), Сем Асгари (29) тврди дека поп ѕвездата го тепала и го изневерувала со вработените во нивниот дом, открил извор близок до парот за ТМЗ. Тој наводно дознал за измамата затоа што нашол снимка.

Исто така, Иранецот верува дека пејачката принудила друга вработена да ги снима. Покрај тоа, Сем ја обвини својата поранешна сопруга дека физички го нападнала. Наводно, обезбедувањето морало неколку пати да му дојде на помош, а во една прилика го претепала додека спиел.

„Бритни е во многу кревка ментална состојба и не е во состојба да носи рационални одлуки“, тврди инсајдерот. Друг извор тврди дека на Сем веќе некое време му е доста од однесувањето на пејачката.

Асгари по разводот: И посакувам се најдобро

Да потсетиме, пред неколку дена странските медиуми објавија дека Бритни Спирс и Сем Асгари се разделуваат по 14 месеци брак.

После таа вест, овие наводи ги потврди и Сем.

“После шест години љубов и посветеност еден кон друг, јас и мојата сопруга решивме да го завршиме нашето патување заедно. Ќе ја задржиме љубовта и почитта еден кон друг и ѝ посакувам се најдобро. Се случува срање”, напиша Сем.

„Звучи лудо да се бара приватност, па затоа само ќе ги замолам сите, вклучително и медиумите, да бидат љубезни и внимателни“, додаде тој на крајот.