Нов голем земјотрес со магнитуда од 7,1 степен кај Нов Зеланд

0

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на островите Кермадец, во близина на Нов Зеланд, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а USGS првично извести за јачина од 7,3 степени, но подоцна го коригира податокот на 7,1, пренесуваат британските медиуми.

Американскиот центар за предупредување од цунами во Пацификот објави дека е помината заканата од цунами во областа околу островот Кермадец