ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ ИЛИ ОБИД ЗА ШИРЕЊЕ ПАНИКА !? МВР со спротивна изјава на локалните власти – што се случува во Карбинци ?

Обид за киднапирање на две деца во општина Карбинци. Според информациите на градоначалникот Виктор Паунов, обидот за киднапирање се случил во дворот на училиштето „Страшо Пинџур“.

Според првите информации што ги пренесоа локалните штипски медиуми, киднаперите дошле со возило „Golf“ со скопски регистарски таблички и се обиделе насилно да внесат две деца во возилото. Тие биле запрени од други деца и персонал на училиштето.

Овој немил настан се случи после 9 часот и 30 минути, обид за киднапирање на две деца, ученици. Според првите информации, киднаперите се обиделе да ги стават во возило кое стигнало до прагот на училишниот двор“, вели градоначалникот на Карбинци.

Настанот во телефонски разговор за штипската локална телевизија Стар го потврди директорката на училиштето Наталија Костова.

Таа кусо посочи дека се работи за деца од македонска и турска националност. Таа потврди дека полицијата во моментов е во училиштето и дека работи на расчистување на случајот.

Родителите да не се возбудуваат и апелираме до МВР да ја зголеми безбедноста во општината“, посочи градоначалникот на општината.

Да потсетиме, цела држава се уште е во шок поради киднапирањето и убиството на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска од Скопје. Случај што ја шокираше јавноста и остави во неверување.

Денеска (05.12.2023) во 09:52 часот во штипската полиција од основното училиште во општина Карбинци било пријавено дека околу 09:30 часот во училишниот двор со патничко возило ‘Golf’ дошол млад човек, кој, според пријавата, повикал ученичката да влезе во неговиот автомобил за да оди на кафе, но таа веднаш се вратила на училиште и пријавила кај директорот. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Спротивни изјави имаат директорката на училиштето Наталија Костова и градоначалникот Виктор Паунов, кои велат дека за среќа обидот за киднапирање бил спречен. Но оттука се поставува прашањето, дали ова е можен обид за ширење паника ?