Оваа ЖЕНА вели дека престанала да старее на 30 години: Сите занемуваат кога ќе слушнат кога е родена – се колне дека ОВА е она што ја одржува МЛАДА

Чин Лан е позната кинеска актерка. На социјалните мрежи е објавено видео за нејзината младост, на тоа видео следи коментар дека изгледа како да нема ни ден постара од 30 години, а всушност е многу постара. Тука се и нејзините трикови кои сама ги открила, а кои се заслужни за нејзината убавина.

Првиот трик е што таа не се изгладнува за да изгледа витко, туку јаде неколку пати на ден, помали оброци.

Како главен извор на протеини, кинеската актерка избира лосос, а чиа семето често се наоѓа на нејзиното мени. Кога станува збор за лососот, неговите здравствени придобивки се многубројни бидејќи е богат со омега-3 киселини и витамини и минерали, особено витамини од групата Б и селен.

Храната богата со протеини помага во заздравувањето по повредите, ги штити коските и ја одржува мускулната маса за време на слабеењето и процесот на стареење. Тој е одличен извор на калиум, кој помага во регулирање на крвниот притисок и, според некои извори, може да го намали ризикот од мозочен удар.

Порција од 100 грама лосос има 206 калории, а дивиот лосос има уште помалку, 182 калории. Оваа храна може да помогне во регулирање на телесната тежина, а поврзана е и со превенција од срцеви заболувања и позитивно влијае на здравјето на мозокот. Треба да се има на ум дека лососот што се одгледува во езерца е потенцијално опасен по здравјето бидејќи може да се одгледува на диета со гранив семиња и рибино масло, протеински прашоци, пестициди и синтетички бои.

Чиа семето ја прави кожата сјајна и ја зачувува нејзината убавина благодарение на следните состојки: влакна кои помагаат во одржување на поволни нивоа на шеќер во крвта, што позитивно влијае на кожата, омега-3 масни киселини, витамин Ц, витамин Е, протеини, магнезиум и калиум.

Во видеото се наведува и дека актерката редовно зема витамини и калциум (употребата на суплементи треба да биде по препорака на лекар).