Оваа навика за комуникација во голема мера влијае на судбината на бракот

Судбината на бракот најчесто се одлучува врз основа на една единствена комуникациска навика, објаснуваат психолозите.

Имено, според експертот за брачни односи д-р Џон Готман, кој поминал повеќе од 40 години проучувајќи парови на Универзитетот во Вашингтон, постои еден фактор што најсигурно предвидува дали бракот ќе трае.

Како што тврди д-р Готман, станува збор за начинот на кој паровите комуницираат во конфликт.

Готман тврди дека не е важно дали паровите се караат, туку како се караат. Клучно е да се избегнуваат критики, презир, одбранбена положба и игнорирање. Презирот, кој ги уништува меѓусебното почитување и емпатијата, има особено разорен ефект.

Паровите кои покажуваат почит еден кон друг дури и кога не се согласуваат имаат многу поголеми шанси да останат заедно.

Психологот д-р Џули Шварт Готман истакнува дека браковите пропаѓаат поради недостаток на емоционална сигурност и почит. Добрите бракови негуваат „микро-моменти на поврзаност“, односно мали гестови на поддршка што се акумулираат преку длабока поврзаност.

Во време кога бракот често се идеализира или отфрла премногу брзо, ова сознание го враќа фокусот на она што е клучно на долг рок, а тоа е здрава комуникација и секојдневно емоционално внимание.