ОВА Е ВИСТИНСКИ ЕГЗОДУС – Никој нема да остане во Нагорно-Карабах: “Многумина од оние што бегаат се гладни, исцрпени и имаат потреба од итна помош“
УНХЦР објави дека 100.000 од околу 120.000 жители на Нагорно-Карабах избегале. Многумина од оние што бегаат се гладни, исцрпени и им е потребна итна помош, предупреди Агенцијата за бегалци на Обединетите нации.
Поранешниот функционер на Нагорно-Карабах, Артак Бегларјан, тврди дека последните групи жители на Нагорно-Карабах биле на пат за Ерменија во саботата. Останаа најмногу неколку стотини луѓе, од кои повеќето се локални службеници, работници за итни случаи, волонтери и некои лица со посебни потреби, јавува BBC.
„Бројот на бегалците кои пристигнаа во Ерменија оваа недела достигна 100.417“, изјави Назели Багдасаријан, портпаролка на ерменскиот премиер.
Тоа значи дека речиси сите ја напуштиле самопрогласената ерменска енклава во Азербејџан, откако азербејџанската Армија минатата недела ја окупираше целата област. Азербејџан најави дека сака да го реинтегрира Нагорно-Карабах, без да го дискриминира локалното население.
„Тоа е целосна пропаганда, уште една азербејџанска лага. Никој нема да остане во Нагорно-Карабах“, вели ерменскиот амбасадор Едмон Марукијан.
Планинскиот регион на југот на Кавказ, во границите на Азербејџан, бил претежно населен со ерменско население. Три децении, Нагорно-Карабах беше управуван од сепаратистичка локална власт.