Ова е најтажното видео кое ќе го видите денес! Мајка го прославуваше 3-от роденден на својата ќерка, но тоа што се случи скрши многу срца! (фото/видео)
Прославувањето роденден е незаборавно искуство за секое дете, но мајката Глорија сподели видео на TikTok во кое се пожали дека речиси никој не дошол на роденденот на нејзината ќерка.
![](https://vocentar.com/wp-content/uploads/2023/06/3243834_4698798798_ff-630x1024.webp)
Како што објаснила во описот на видеото, таа организирала сè за прославата на 3-от роденден на нејзината ќерка и поканила многу луѓе, од роднини до пријатели, но се појавиле само двајца.
Во видеото можете да видите како сè е подготвено за да го прослави роденденот на нејзиното девојче, но никој нема. Видеото веднаш стана вирално на социјалните мрежи, а многу родители коментираа за поддршка на разочараната мајка. Имаше и такви кои коментираа дека и самите доживеале нешто слично.
,,Многу ми е жал. Една година ни се случи истото, подготвив сè и на крајот се појавија само неколку луѓе. Нема врска, дојдоа важните за тебе, можеш и без другите”, беше еден коментар.