Ова е преговарачкиот тим на Путин со САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков во вторник во Ријад ќе се сретнат со американски претставници.

Како што изјави за новинарите прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, Лавров и Ушаков в понеделник летаат за Ријад по инструкции на рускиот претседател Владимир Путин.

„Се очекува тој во вторник да одржи средба со американските колеги во Ријад, која првенствено ќе биде посветена на обновувањето на целиот спектар на руско-американски односи “, рече Песков.