ОВА ЌЕ БИДЕ НАЈСКАПИОТ ТРАНСФЕР ВО ПРЕМЕР ЛИГАТА !? Манчестер Јунајтед во своите редови сака да го донесе Хати Кејн
Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, ова лето би можел да се пресели во Манчестер Jунајтед, тврдат тамошните медиуми.
Манчестер го избра 29-годишниот напаѓач како приоритетна цел за летниот преоден рок. Подготвени се да му понудат на Кејн договор кој ќе го направи најплатениот британски фудбалер во историјата.
Кејн оваа сезона забележа 27 настапи во Премиер лигата, постигна 20 голови и 2 асистенции. Неговиот договор со Спарс е до летото 2024 година.