Овој пијалок ги уништува бубрезите, а многумина го пијат како луди! Престанете да го консумирате што е можно поскоро
Многу луѓе не размислуваат за влијанието на пијалоците врз бубрезите, но некои од нив можат сериозно да му наштетат на овој витален орган.
Газираните пијалоци , особено оние со висока содржина на шеќер, се поврзани со зголемен ризик од хронична бубрежна болест. Истражувањата покажаа дека консумирањето повеќе од четири вакви пијалоци неделно може да го зголеми ризикот, бидејќи високото ниво на шеќер ги оштетува крвните садови во бубрезите и придонесува за развој на дијабетес.
Луѓето со дијабетес или проблеми со бубрезите треба да избегнуваат газирани пијалоци, а оние со семејна историја на оваа болест исто така треба да бидат претпазливи. Покрај високата содржина на шеќер, газираните пијалоци содржат и фосфорна киселина, која може да доведе до промени во мокрењето, формирање на камења во бубрезите и други проблеми со бубрезите.
Најдобар избор за здравјето на бубрезите е обичната вода, која е најдобар начин да ја задоволите жедта и да го одржите телото хидрирано.