Овој спот на Лепа Брена го забрани војската! По итна процедура реагираше врвот на власта и го тргна видеото од телевизијата! (фото/видео)

Лепа Брена, една од најголемите ѕвезди на поранешна Југославија, еднаш сними спот кој беше забранет од Армијата.

На врвот на нејзината популарност во 1990-тите, таа сними голем број атрактивни видеа кои ја освоија публиката на овие простори.

Сепак, едно видео снимено од пејачката делувало контроверзно и тоа не и’ се допаднало на тогашната Југословенска армија. Армијата забрани емитување на спотот на песната „Ljubav je“ од 1996 година, напишана од Дејан Милиќевиќ.

Моден фотограф ги коментираше настаните околу контроверзното видео.

„Никогаш нема да ми биде јасно зошто Југословенската армија се срамеше од видеото со Лепа Брена. Веднаш штом се емитуваше на PinkTv два дена, пристигна писмо од Генералштабот во кое строго се забранува понатамошно прикажување. Штета…. Можеше да биде спот на сите времиња. Брена маршира со специјалната единица, пее во касарната, војниците околу неа вежбаат… Дури и јас го немам тоа видео во архивата“, изјави во една прилика Дејан Милиќевиќ.

Во меѓувреме на Јутјуб се појави видеото на Лепа Брена.