Огромен кристален лустер, бел мермер и два лифта: Вака изгледа палатата каде живее сопственикот на ТВ Пинк 

Жељко Митровиќ, сопственикот на Пинк Медиа Груп, најави гламурозен настан кој ќе се одржи оваа среда во неговата импресивна резиденција позната како „Палата Митровиќ“.

По повод овој уникатен настан, Митровиќ со своите следбеници сподели детали за организацијата на „Гетсби забавата“, на која се очекуваат повеќе од 3.000 гости, што го прави еден од најголемите социјални настани  годинава.

Жељко на својот Инстаграм откри делови од внатрешноста на неговата палата, која зрачи со луксуз и елеганција.

Сликата покажува бел мермер, два лифта и уникатен лустер кој ја краси неговата резиденција. Овој грандиозен лустер е вистинско уметничко дело, а според него, на овој екстравагантен детаљ би можела да позавиди дури и Бакингемската палата.

– Во среда во „Палата Митровиќ“ ќе се одржи најголемата Гетсби забава со над 3000 гости! Сент Жекс ги прави последните подготовки и го доработува овој уникатен лустер во атриумот на неговиот храм, на кој ќе и позавиди Бакингемската палата! – напиша Жељко со фотографијата.

Палатата Митровиќ, сместена на престижна локација, на јавноста веќе и е познат по својот импресивен надворешен изглед, но сега сите имаа можност да го погледнат нејзиниот софистициран ентериер.