Одите во тоалет веднаш по кафето? Лекарите конечно објаснуваат зошто, еве дали е воопшто добро за вашето здравје

Често се случува веднаш по кафето да одиме во тоалет, а еве дали е тоа потенцијален здравствен проблем

Научниците од Универзитетот во Тексас спроведоа истражување токму на оваа тема. За време на нивното истражување на стаорците им давале кафе три дена, со што успеале да ја зголемат подвижноста на цревните мускули, независно од дозата на кофеин.

„ Подвижноста на мускулите на тенкото црево се зголеми кај стаорците по три дена консумирање кафе. Тоа значи дека стаорците, исто како и луѓето, морале да имаат големо празнење на дебелото црево по пиењето кафе. Интересно е што овие ефекти се независни од кофеинот, бидејќи кафето без кофеин имало слично влијание врз нивното варење“ – изјавил водечкиот автор на студијата, Џуан Женг Ши, за британски „Мирор“.

Се претпоставува дека лаксативното дејство на кафето се должи на неговите кисели својства. Претпоставката е дека повисоките нивоа на стомачна киселина, која се создава благодарение на хлорогената киселина во кафето, ја активира работата на дигестивниот систем.

Затоа, следниот пат кога кафето ќе ве принуди да го посетите тоалетот, бидете сигурни дека тоа е кафе и дека се е во ред со вашето здравје.

Многу луѓе се прашуваат дали кафето е здраво за нашиот организам, тоа е прашање кое често го поставуваат експертите. Секако, дава многу придобивки за телото, но сепак има некои работи на кои мора да обрнете внимание.

Кафето е важен антиоксиданс. Шолја чисто црно кафе на празен стомак го стимулира производството на киселина во желудникот, што не им одговара на луѓето со гастритис.