Од шведскиот и од данскиот пазар се повлечени капини со потекло од Србија поради присуство на норовирус

Шведска и Данска повлекуваат од пазарот капини по потекло од Србија поради присуство на норовирус, објави РАСФФ европскиот систен за брза узбуна и известување за храната.
Капините се повлечени од пазарот на Данска, со оглед на тоа дека овошјето е дистрибуритано и во други земји на ЕУ.
Шведска објави дека норовирус е откриен во примерок земен при официјалната пазарна контрола на 13 ноември, пренесува Н1.
Како што е наведено, ризикот по здравјето е сериозен.
Норовирусот е еден од најчестите вируси кои предизвикуваат „стомачен грип“.