Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја истакна потребата што поскоро да се воспостави прекин на огнот во Украина и да се започнат мировните преговори.
– Русија не може да победи затоа што целиот западен свет се нареди зад Украина. Во исто време, Русија е нуклеарна сила и нуклеарните сили не можат да бидат заглавени во аголот, бидејќи тие можат да предизвикаат нуклеарна војна. Ни треба примирје и мировни преговори. Колку побрзо, толку подобро – напиша Орбан на Твитер.