Орхидеите треба да ги чувате само на ова место во вашата куќа: Кога ќе ја прочитате причината за тоа, веднаш ќе ги поместите (фото)
Според фенг шуи, старо кинеско верување, потребно е предметите во куќата да бидат поставени на одреден начин, така што позитивната енергија непречено тече низ просторот и носи добри работи во домаќинството. Еден од најефикасните начини за освежување на енергија, според ова верување, е да се внесат свежи растенија.
Орхидејата, омилениот цвет на многумина, исто така зазема свое место во ова верување и има силна симболика.
Орхидејата е симбол на убавината и благодатта со векови, а доволно е само да погледнете која било сорта на ова растение за да разберете зошто. Таа е елегантна и доаѓа во различни бои и големини, а нрјзиниот специфичен цвет, во некои случаи уникатни дезени, го должи својот статус на едно од омилените растенија денес.
За да може орхидејата да цвета непречено, потребен е поголем труд, бидејќи навистина бара посебна грижа.
Според фенг шуи, орхидејата треба да ја чувате или покрај влезната врата или во спалната соба, во зависност од тоа каква енергија сакате да стимулирате.
Далечниот лев агол од собата, гледан од влезната врата, го претставува аголот на љубовта, а доколку сакате да привлечете посакуван и убав партнер, орхидејата треба да ја чувате токму на тоа место.
За да привлечете среќа, можете да изберете орхидеја од која било боја. Важно е само да ви се допаѓа. Покрај тоа, треба да го чувате во близина на влезната врата, за да биде првото нешто што ќе го видите кога ќе влезете во куќата.
Секако, тоа е прашање на верување, а на вас зависи дали ќе го прифатите или не.