Осомничениот за убиството на малата Вања доби притвор: Влегувајќи во судот изусти еден збор пред новинарите

На претходното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје, судијата му одреди 30-дневен притвор на Љупчo Палевски, осомничениот за убиството на 14-годишната Вања Горчевска и Панчe Жежовска (74).

„Осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П., кој по наредба на судија на претходната постапка беше екстрадиран од Република Турција на 15 мај 2024 година, денеска е донесен во Основен кривичен суд Скопје за изрекување на мерката притвор определена во негово отсуство, а предлогот на Основното јавно обвинителство – Скопје. По изрекувањето на пресудата на осомничениот во присуство на бранителот, судијата на претходна постапка донесе решение со кое на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, кој започнува од денот на приемот во затвор Скопје и поради постоење околности од член 165 став 1 точки 1, 2 и 3, односно дека постојат околности дека може да избега, може да се меша во кривичната постапка со влијание врз сведоци и околности кои укажуваат дека ќе го доврши или повтори делото” стои во изјавата.

Палевски, кој беше придружуван од полицијата со наведната глава, на новинарско прашање дали ги извршил убиствата и дали ќе се брани молчејќи, рече „не“.

Тој првпат беше изведен пред судија во претходна постапка откако беше екстрадиран од Турција, каде побегна, а потоа беше фатен од локалната полиција.